
Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид се вклучил во трката за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао.




Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Скаути на „кралевите“ долго време го следат Португалецот и веруваат дека тој ќе биде новата голема ѕвезда на европскиот фудбал.




Анчелоти верува дека Леао може да игра и како крилен, но и како централен напаѓач на местото на Бензема, па поради тоа сака да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.




Неговиот договор со Милан е до 2024 година во кој има откупна клаузула од 150 милиони евра. Доколку Португалецот не стави потпис на нов договор ќе биде продаден на крајот на сезоната.