Дома Топ вести Реал Мадрид преку синовите на Зидан добива фантастично засилување?!

Реал Мадрид преку синовите на Зидан добива фантастично засилување?!

Зинедин Зидан подготвува интересно сценарио.

Од Шпанија денес пристигнува интересна вест, Реал Мадрид ќе се обиде да ја „украде“ големата желба на Барселона и за полесно да го убедат Лопез „кралевите“ ќе се обидат ги искористат синовите на Зинедин Зидан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наводно, младиот фудбалер Олимпик Марсеј, Лопез е на мета на бројни гиганти, а Барселона до овој момент беше најсериозен кандидат.

Меѓутоа, Зинедин Зидан има намера да ја „украде“ големата мета на ривалот и за тоа Французинот ќе го искористи пријателството на своите синови Енцо и Лука со фудбалерот на Марсеј.

Максим Лопез има само 19 години, висок е само 167 сантиметри, но ги поседува сите квалитети за да стане наредна мега ѕвезда.

Наводно, Зидан веќе им соопштил на своите синови дека нивниот другар има шанса да заигра за Реал Мадрид. Енцо и Лука Зидан се скоро во секојдневен контакт со Максим, овие тројца во детството заедно растеа во Марсеј.

Доколку овој трансфер навистина биде реализиран, сигурно ќе биде еден од најинтересните во последните години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…