Дома Фудбал Реал Мадрид нема да го продолжи договорот со Рамос?

Реал Мадрид нема да го продолжи договорот со Рамос?

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, се појавил голем проблем помеѓу Реал Мадрид и нивниот капитен Серхио Рамос.

Станува збор за новиот договор. Капитенот на Реал има договор до 2021. година, а се уште не почнал преговори за нов.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Кога ќе му истече договорот Рамос ќе има 35 години, и прашање е дали челниците на Реал воопшто ќе му го продолжат договорот.

Рамос сака договор до 2023. година и тоа претставува еден од проблемите, бидејќи Реал на играчи постари од 32 години им дава само едногодишни договори.

Исто така, проблем претставува и финансискиот фер плеј бидејќи Реал тешко може да си дозволи да издвои околу 14 милиони евра по сезона за некој кој има 35 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона доби понуди за Тер Штеген

Неколку клубови испратиле барања до Барселона за можноста да го привлечат на позајмица гол…