Познатиот магазин „Форбс“ се занимаваше со највредните клубови во светот.
Прв на листата е Реал Мадрид со вредност од над 6.07 милијардо долари, 19% повеќе од претходната година. „Форбс“ тоа го објаснува со пласманот во пет од последните девет финалиња во Лигата на шампионите победувајќи во сите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Реал Мадрид обезбеди скоро 400 милиони долари. Манчестер Јунајтед порасна за скоро 30% во однос на пред една година и сега е на шест милијарди долари. Лицитацијата за англискиот тим се сведе на Џим Ратклиф и катарскиот бизнисмен шеикот Јасим.
Сегашните сопственици на тимот платија 1.5 милијарда за „црвените ѓаволи“ во 2005 година и би можеле да го продадат за четири пати поголема вредност.
На листата зад Јунајтед следат Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити. Најголем добитник на овогодинешната листа е Њукасл кој сега вреди 794 милиони долари, дури за 51% повеќе од минатата година.