Пол Погба дефинитивно го напушта Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната.
Договорот на Погба со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната, а откако стигна потврда дека нема да го продолжи договорот започна битката за неговиот потпис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
29-годишниот Французин беше купен за 100 милиони евра од Јувентус во 2016 година, но не ги оправда големите очекувања, па сега како слободен агент ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Интерес за него покажуваат ПСЖ, Реал Мадрид и Јувентус, а „кралевите“ веќе презеле конкретни чекори и испратиле понуда.
Реал му нуди договор до 2025 година, со опција за уште една година, а Погба претходно доби понуда и од ПСЖ.
Французинот конечната одлука ќе ја донесе во следните недели.
🔝 Real Madrid will make a contract offer to French star Paul Pogba until 2025. #HalaMadrid #MUFC https://t.co/QOO0f4Ap37 pic.twitter.com/Seyh85UYUu
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) April 29, 2022