Дома Топ вести Реал Мадрид го договори наследникот на Крос

Реал Мадрид го договори наследникот на Крос

Реал Мадрид ја победил конкуренцијата за плејмејкеро на Селта, Габри Вејга, пренесуваат шпанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


20-годишниот играч за врска игра фантастична сезона во Селта, каде досега постигна девет гола и четири асистенции, па го привлече вниманието на многу големи клубови.

Тренерот Карло Анчелоти е воодушевен од Вејга, кој има талент и потенцијал да стане еден од најдобрите фудбалери за врска во следните години.

Реал ја победил конкуренцијата и постигнал договор со Селта за трансфер вреден 40 милиони евра.

Притоа Вејга следната сезона ќе остане на позајмица во Селта, а потоа на „Сантиаго Бернабеу“ треба да пристигне како замена за Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…