Дома Трансфер зона Реал купува уште еден француски талент

Реал купува уште еден француски талент

Напаѓачот на Ремс, Уго Екитике е новата француска ѕвезда која го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Екитике има само 19 години, а оваа сезона блесна во дресот на Ремс каде постигна 11 гола и запиша 3 асистенции.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Скаутите на многу европски гиганти ги следат неговите настапи, а експертите му предвидуваат голема кариера.

Екитике е централен напаѓач, но може да игра и како крило, а Реал Мадрид стапил во контакт со неговиот агент и сака да ја победи конкуренцијата.

Анчелоти бара млад напаѓач кој ќе биде замена за Бензема и да го наследи Французинот од следната сезона. „Кралевите“ почнаа со подмладување на тимот и после Камавинга и Чуамени, Екитике може да биде третиот француски талент на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…