Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид може да го искористи Лука Јовиќ за да дојде до потписот на Ерлинг Халанд.
„Марка“ пишува дека претседателот на шпанскиот шампион, Флорентино Перез решил да го искористи Јовиќ како „мамец“ за на лето кога ќе го купува Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Карло Анчелоти воопшто не смета на Јовиќ, Мариано Дијаз, Хесус Ваљехо, Себаљос, Азар и Асенсио, па дел од нив ќе вклучи во размената со Борусија Дортмунд.
Халанд е еден од најбараните фудбалери во Европа, а Реал Мадрид важи како фаворит за неговиот потпис.