Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман изјави дека помеѓу градските ривали постои пакт, помеѓу Реал и Атлетико да не купуваат играчи едни од други.
„Точно е дека сакам да освојувам трофеи, но не можам да се преселам во Реал. Не поради ривалството туку поради пактот кои го имаат склопено двата клуба да не купуваат играчи едни од други“, изјави Гризман.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Францускиот репрезентативец потенцираше дека добро се чувствува во Атлетико и дека целта не му е што поскоро да го напушти клубот, но напомна дека следната дестинација најверојатно ќе му биде Премиер лигата.
Антоан Гризман во Атлетико пристигна во 2014 година од Реал Сосиедад за сума од 30 милиони евра, а во изминатите две сезони се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во светот.