Реал Мадрид нема да биде активен на трансфер пазарот ова лето, но „кралевите“ веќе прават план за следното лето.
„АС“ пренесува дека претседателот Перез и Зинедин Зидан работат на тоа следното лето да донесат француско трио на „Сантиаго Бернабеу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Станува збор за Килијан Мбапе, Едуардо Камавинга и Дајот Упламекано, со што ќе бидат засилени трите линии од тимот.
Станува збор за млади таленти кои веќе се етаблирани како едни од најдобрите на своите позиции.
Интересеот за Килијан Мбапе е од поодамна и Реал веќе подолго време работи на трансферот. Весникот тврди дека следното лето ќе биде идеална можност за реализација и тој сигуно ќе изнесува околу 200 милиони евра.
Упамекано следното лето во договорот ќе има откупна клаузула од 42 милиони евра, што нема да биде проблем за „кралевите“.
Камавинга ова лето ќе остане во Рен бидејќи клубот бара 60 милиони евра за неговиот потпис. Реал сака да ја победи конкуренцијата и веќе работи на трансферот.