Реал Мадрид има големи планови за следното лето и сака да ги донесе двајцата најдобри млади фудбалери во светот, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
Мбапе е цврст во намерата да се пресели во Реал Мадрид и ги одбива сите понуди на ПСЖ за продоложување на соработката, па следното лето ќе биде слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Мбапе веќе има договор со „кралевите“ и следното лето ќе пристигне на „Сабтиаго Бернабеу“ како слободен агент без обештетување.
Реал исто така работи и на трансферот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, кој следното лето ќе има откупна клаузула од 75 милиони евра.
Иако двајцата фудбалери ќе имаат астрономски плати, сепак шпанските медиуми пренесуваат дека Реал ќе има финансиска моќ за да ги реализира двата трансфери.
„Кралевите“ следното лето ќе се ослободат од високите плати на Герет Бејл, Иско и Марсело и така ќе ослободат простор за високите плати на Мбапе и Халанд.