Според последните информации Кепа Аризабалага е пред позајмица во редовите на Баерн Минхен.
Реал Мадрид тргна во потрага по нов голман откако се повреди Тибо Куртоа кој ќе паузира седум-осум месеци. Се шпекулираше со неколку имиеа, во прв план се истакнаа Давид Де Геа и Јасмин Боно, но како што изгледа изборот паднал на Кепа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот голман се поврзуваше и со Баерн Минхен, но кога пристигнала понудата од Реал Мадрид се одлучил да се врати во Шпанија.
Кепа во минатото го бранеше голот на Атлетик Билбао од каде што си замина за сума од 80 милиони евра. Според најавите двете страни се многу блиску до договор и наскоро може да очекуваме официјална потврда.