Шпанскиот гигант Реал Мадрид планира да си купи нов десен бек, иако Дани Карвахал беше одличен на теренот против Челси во Лигата на шампиони.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Медиумите шпекулираат дека „кралевите“ планираат да испратат понуда за Рис Џејмс од Челзи, кој се измачи против Винисиус Жуниор во средата.
„Марка“ пишува дека цената на Џејмс е 50 милиони евра, а Челси може да има проблеми со финансискиот фер-плеј и да мора да продава фудбалери.
Џејмс би бил одлично засилување за шпанскиот шампион затоа што е добар и во напад и во одбрана.