Секој гол што Ендрик го постигнал и ќе го постигне за Реал Мадрид ќе го чини клубот 300.000 евра. Ова го откри директорот на Палмеирас, Жоао Сампајо од каде беше купен младиот Бразилец.
Директорот на бразилскиот клуб објасни дека во договорот со „кралевите“ има клаузула според која на секои пет гола на Ендрик, Шпанците се обврзани да му платат на Палмеирас бонус од 1,5 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, ова не може да трае вечно. Во принцип, Реал го купи Ендрик за загарантирани 35 милиони евра, а други до 25 милиони беа поставени како бонуси со клаузули.
Тоа значи дека штом ќе се достигнат тие 25 милиони евра – било да е тоа од неговите голови или некој друг услов – тогаш „кралевите“ повеќе нема да му должат на Палмеирас.