Дома Фудбал Реал вчера победи, но Зидан еден податок сигурно го загрижува

Реал вчера победи, но Зидан еден податок сигурно го загрижува

Реал Мадрид во важен натпревар од Лигата на шампионите успеа да ја совлада Галатасарај со 0:1 на гостински терен.

Екипата на Зинедин Зидан после две кола имаше само еден бод, па тимот беше под голем притисок да се освојат бодовите бидејќи со евентуален пораз Реал ќе се доведеше во тешка ситуација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На крајот „кралевите“ остварија победа, а единствениот гол го постигна Тони Крос во 18-тата минута, но Зидан нема премногу причини да биде задоволен.

Имено, Реал вчера многу се мачеше да го пронајде патот до мрежата иако напаѓаше и создаваше прилики.

Вкупно гостите упатија 26 удари на голот на Галатасарај од кои 13 беа во рамките од голот, но постигнаа еден гол.

Играчите на Реал промашуваа се, а најголемата прилика ја пропушти Еден Азар кога во 65-тата минута промаши празен гол.

Реал оваа сезона на 12 натпревари во сите натпреварувања има 212 удари на гол од кои 76 беа во рамките од голот, но само 19 пати топката завршувала во мрежата.

После овој податок изгледа дека реализацијата е нешто кое треба да го загрижи Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…