Дома Актуелно Реакцијата на Погба после мајсторијата на Меси (ВИДЕО)

Реакцијата на Погба после мајсторијата на Меси (ВИДЕО)

Eкипата на Барселона без поголеми проблеми со 3:0 го победи Манчестер Јунајтед во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите и заслужено се пласираше во полуфиналето на ова натпреварување.

Фантастичен во овој натпревар беше Лионел Меси кој постигна два гола за Барселона. Прво мрежата на Де Геа Меси ја погоди во 16-тата минута после еден соло продор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Додека Меси го славеше погодокот реакцијата на Пол Погба на оваа мајсторија е приказна за себе…

Со оглед на вредноста и репутацијата која има се очекуваше Погба да го покаже својот квалитет во овој натпревар, но средниот ред на Барселона, пред се Бразилецот, Артур одлично го запре.

Освен Погба ниту другите играчи на Јунајтед не беа на ниво, сигурно дека во наредните денови најмногу критики поради големата грешка при вториот гол на Меси ќе претрпи Давид Де Геа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ѓоковиќ го прашаа на кој тенисер би му го доверил животот – одговорот беше изненадување! 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби и интересно прашање на кое имаше интересен о…