Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд ги дематираше шпекулациите дека го изнудува Манчестер Јунајтед за да остане на „Олд Трафорд“.
Медиумите објавија дека Рашфорд ја одбил првата понуда од „црвените ѓаволи“ и дека бара неделна плата од 500.000 фунти за да го продолжи договорот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Пред да почнете со ови работи, тоа се глупости. Клубот и јас се почитуваме на највисоко ниво и така ќе остане. Се фокусирам да ја завршиме сезоната најдобро што можеме и да освојуваме трофеи“, напиша Рашфорд.
Рашфорд оваа сезона одигра 44 натпревари на кои постигна 27 гола, а менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг го гледа напаѓачот како клучен играч во тимот.
Just before this one starts to do the rounds! It's complete nonsense. The club and make self have been respectful to one another, and that's how it will remain. My focus is purely on finishing as well as possible in the league and winning trophies.
— Marcus Rashford (@MarcusRashford) March 29, 2023