Големиот талент на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е се поразочаран од фактот дека менаџерот Жозе Мурињо не му дава доволно минутажа и е спремен да го напушти „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.
„Дејли Мирор“ тврди дека ако „Специјалниот“ остане во кклубот, 20-годишниот Рашфорд сериозно ќе размислува за напуштање на Манчестер Јунајтед.
Marcus Rashford is becoming increasingly disillusioned at not starting enough games for Manchester United and could leave in the summer. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/jD54nYpYzM
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 10, 2018
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рашфорд беше стартер во само пет од последните 16 натпревари и беше особено разочаран што доби само осум минути од дербито против Сити викендов. Младиот напаѓач одигра 43 натпревари во сезоната, но само во 22 од нив беше стартер.
Трансферот на Алексис Санчез од јануари додатно ја загрози неговата позиција во тимот, па сега Рашфорд сака да ја промени средината.
„Маркус беше многу несреќен што остана на клупата во дербито, а ако Мурињо е тука и следната сезона, Маркус можеби нема да остане. Не сака да биде резерва, сака да стартува во секој натпревар“, изјави извор близок до Јунајтед.