Ѕвездата на Лидс и бразилски репрезентативец, Рафиња најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Барселона.
Рафиња веќе ги договорил личните услови со Барселона, па останува уште двата клува да го договорат обештетувањето.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Преговорите помеѓу двата клуба ќе продолжат по завршувањето на сезоната, кога ќе биде јасно дали Лидс ќе остане во Премиер лигата.
Доколку клубот испадне во понизок ранг, тогаш Рафиња ќе може да замине за 25 милиони фунти.
Бразилецот е една од најголемите трансфер желби на Чави за крилните позиции.