Италијанецот Клаудио Раниери беше првиот тренер на Челзи во ерата на Роман Абрамович.
Во Челзи Абрамович пристигна во 2003 година и во клубот инвестираше огромни пари за да го направи еден од најдобрите во Англија и Европа. Сега времето на Абрамович во Челзи завршува поради војната воц Украина.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Клаудио Раниери сега за италијанските медиуми откри каков бил Абрамович на почетокот на неговата кариера во Челзи.
„Изгледаше како дете во луна парк. Беше млад и полн со ентузијазам. Постојано беше присутен, доаѓаше на натпревари и често знаеше да се симне во соблекувална да разговара со сите. На враќањето од некои гостувања патував со неговиот приватен авион, сакаше да знае се што се случува“.
„Челзи се одлучи да го купи откако во последното коло го победивме Ливерпул и се пласиравме во Лигата на шампионите. Ако тогаш не обезбедевме пласман во ЛШ, историјата на Челзи сигурно ќе беше поинаква“, откри Раниери.