Дома Фудбал Англија Рангник: Кога ќе се јави Манчестер Јунајтед, не постои можност да се одбие

Рангник: Кога ќе се јави Манчестер Јунајтед, не постои можност да се одбие

Манчестер Јунајтед денес и официјално го претстави Ралф Рангник за нов менаџер до крајот на сезоната.

Германецот ќе ги води „црвените ѓаволи“до крајот на сезоната, а потоа ќе остане во клубот како консултант за трансфери.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Манчестер Јунајтед ме побара да го водам тимот шест месеци, а потоа да останам уште две години во улога на советник. Кога ќе добиете таква понуда, едноставно не можете да ја одбиете. Претходно имав и понуда од Челзи, но само за ангажман од четири месеци, што беше неприфатливо“, изјави Рангник на првата пресконференција.

„Мојата главна цел во следните денови и недели е да донесам поголем баланс во тимо. Се работи за најголемиот клуб во светот. Премногу сум возбуден што ќе работам тука и со оваа група фудбалери. Севкупно гледано, мислам дека имаме квалитетен тим. Кога ќе се сетам на тимот на Ливерпул во моментот кога Клоп пристигна во клубот, овој тим што јас сега го имам на располагање сигурно е подобар“, изјави Рангник.

Германецот очекувано на пресконференцијата доби прашање за Кристиано Роналдо.

„Од она што го видов од Роналдо вчера, никогаш досега немам видено таков играч, толку физички подготвен на 36-годишна возраст. Јасно е дека тој со огромна леснотија прави голема разлика на натпреварите“, заклучи Рангник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Марка: Барселона потпишува мега-договор. Тоа ќе и донесе најмалку 1,3 милијарди евра

БАРСЕЛОНА наскоро би требало да потпише договор со Најк вреден повеќе од една милијарда ев…