Дома Актуелно Рамос открил кој ќе биде неговиот следен клуб!

Рамос открил кој ќе биде неговиот следен клуб!

Серхио Рамос после 16 години се опрости од Реал Мадрид.

Рамос во кралскиот клуб пристигна во 2005. година од Севиља и се покажа како одлично засилување. Претходните 16 години беше стандарден член на Реал, а се очекуваше во овој клуб и да ја заврши својата кариера.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, пред неколку дена Рамос одржа прес конференција на која се опрости од Реал Мадрид и потврди дека после 16 години ќе го напушти Бернабеу.

Овој 35-годишен фудбалер сигурно без проблеми ќе најде нов ангажман бидејќи доби неколку понуди од големи клубови.

Еден од нив е богатиот ПСЖ.

Француските медиуми тврдат дека Рамос на дел од соиграчи им го открил новиот клуб, а тоа е токму ПСЖ.

Се тврди дека преговорите започнале и лесно може да се случи Рамос во наредните сезони да го гледаме во Лига 1.

Серхио Рамос претходната сезона одигра 21 натпревар во сите натпреварувања, постигна четири погодоци и запиша една асистенција.

Да потсетиме, Рамос не доби повик од селекторот на Шпанија Енрике за ЕП, па ќе добие дополнителен одмор, но и доволно време да пронајде нова средина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …