Дома Фудбал Рамос остана без клуб. Шпанците ги објавија неговите опции за продолжување на кариерата

Рамос остана без клуб. Шпанците ги објавија неговите опции за продолжување на кариерата

Серхио Рамос минатата година одби профитабилни понуди од Саудиска Арабија и МЛС за да ја продолжи кариерата во Севиља, клубот во кој ја започна својата блескава кариера пред 20 години.

Вчера беше потврдено дека го напушта клубот, а шпанските медиуми ги анализираа опциите кои трофејниот стопер ги има пред себе.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Во моментов нема официјални понуди, а кога ќе пристигнат Рамос во разговор со семејството ќе донесе одлука која треба да биде најдобра за сите.

Свесен е дека на 38 години веројатно го потпишува последниот договор во кариерата и дека ќе потпише на една или најмногу две сезони.

Саудиска Арабија и МЛС повторно се издвојуваат како дестинации каде што неговата заработка би можела да биде најголема и од каде веќе добивал понуди. Ги одбил затоа што сакал да се врати во Севиља.

Ново заминување значи нов избор, а покрај овие две дестинации шпанските медиуми нудат и други опции. Се наведува дека не треба да се исклучи неговото доаѓање во Турција, па дури и во Јапонија, каде што на крајот од кариерата заминаа шпанските великани како Андрес Иниеста и Давид Виља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква во овој момент изгледа нокаут фазата на ЕП – левата страна е застрашувачка

Откако го дознавме исходот во четири од шесте групи на Европското фудбалско првенство, поз…