Дома Фудбал Ракитиќ ја отвори душата: Некои нешта не ми се допаѓаа, размислував да си заминам

Ракитиќ ја отвори душата: Некои нешта не ми се допаѓаа, размислував да си заминам

Плејмејкерот на Барселона, Иван Ракитиќ ја отвори душата и призна дека не бил задоволен од статусот кој го имаше кај бившиот тренер Ернесто Валверде.

Валверде не му даваше голема минутажа на хрватскиот репрезентативец, па тој призна дека сериозно размислувал да ја напушти Барселона во јануари.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Имаше некои работи кои воопшто не ми се допаѓаа, јас многу јасно говорев на таа тема, сите знаеме дека постојат луѓе кои донесуваат одлуки, но тука сме, а тоа не го правиме само за да се смееме и да уживаме“.

„Размислував да си одам овој јануари, третманот кој го добивав од Валверде и неговите соработници не беше добар. Тоа беа навистина лоши времиња, но сега се зад нас и мора да продолжиме. Она што го сакам е да уживам на теренот, минавме тешки времиња, но свртев нов лист и не сакам веќе да размислувам за тоа“, искрен беше Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…