Од европските клубови кои се заинтересирани за Иван Ракитиќ наводно најблиску е Тотенхем кој е спремен да плати 20 милиони евра.
Заменик-капитенот на хрватската репрезентација повеќе пати истакнуваше дека сака да остане во Барселона и дека може да игра на највисоко ниво. Неговиот договор истекува 30 јуни 2021 и шпанските медиуми во изминатите недели многу пишуваа за негово заминување на крајот од сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освен Тотенхем за Ракитиќ се заинтересирани Севиља, Јувентус и Атлетико Мадрид. Според пишувањето на шпанските медиуми, Севиља не може да плати 20 милиони евра, Атлетико нуди само едногодишен договор, додека Јувентус смета дека 20 милиони евра се многу за играч кој има 32 години.
Затоа засега Мурињо и Тотенхем се истакнуваат како фаворити за неговиот потпис.