Дома Фудбал Ракитиќ беше стартер против Атлетико, па порача: Не знам што ќе се случи со мене!

Ракитиќ беше стартер против Атлетико, па порача: Не знам што ќе се случи со мене!

Иван Ракитиќ не добива многу шанса оваа сезона, но синоќа Валверде му даде шанса во стартниот тим во дербито со Атлетико Мадрид.

Тоа беше само вториот старт за Ракитиќ оваа сезона и одигра фантастичен меч со што покажа дека неправедно бил оставан на клупата за резерви.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во последно време многу се шпекулира со иднината на Хрватот, а тој после мечот јавно призна дека сака да остане во Барселона, но не знае што ќе се случи.

„Не знам што ќе се случи со мене, но не постои подобар клуб од Барселона. Сакам да го давам максимумот на секој натпревар, а доколку имам прилика да го правам тоа во Барселона тогаш уште подобро. Сакам да уживам и да играм што повеќе и да им покажам на сите дека можат да сметаат на мене“, изјави Ракитиќ.

„Не ја разбирам својата ситуација, но некои работи во животот едноставно морате да ги прифатите, а не да ги разберете. Би сакал оваа ситуација да заврши во моја корист. Навистина повторно уживам во тренинзите, чуствувам дека имам поддрша од своите соиграчи“, додаде Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…