Мино Раиола прирерди ново свое шоу, а јасно мета беше Пеп Гвардиола.
Раиола не го доведе во прашање тренерскиот квалитет на Пеп, тој смета дека Шпанецот е лош човек.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тој е кукаквица и џукела, со она што му го направи на Златан покажува дека како човек е нула. Нема да кажам дека е лош тренер, бидејќи не е, но како човек е одвратен. Тој е како свештеник, само нешто зборува, ти кажува што треба да правиш, а што не“.
„Ибра му кажа да му се обрати ако нешто му треба, а тој потоа го исфрли од тимот. Не му кажа ниту довидување, ниту на него, а ниту на Максвел кој е одличен човек“, зборуваше Раиола.
Раиола открива дека во еден момент дури сакал и физички да се пресмета со Гвардиола.
„Немав прилика, а потоа ми се укажа кога Барселона го победи Манчестер Јунајтед во финалето од Лигата на шампионите. Го барав по ходниците на „Вембли“, имаше среќа што Галијани ме спречи“, открива менаџерот на Ибрахимовиќ.