Се наводно било договорено уште во април. Ајакс се задоволи со оштета од 70 милиони евра, се тврдеше и дека Де Лихт ќе тргне по стапките на Де Јонг, иако би бил помеѓу помалку платените играчи на „Камп Ноу“.
Сепак сега се појави информација дека проблем прави Мино Раиола кој е познат како човек кој сака да извлече максимум. Добро познато е какви проблеми му направи на Милан со Џанулуџи Донарума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раиола изгледа почнал да ги нервира Каталонците и локалните медиуми кои претходно тврдеа дека се е завршено сега не се толку сигурни.
Суперагентот се обидува одличните настапи во финишот од сезоната на својот клиент да ги искористи да ја напумпа неговата цена.
Островски медиуми сега пишуваат дека Манчестер Јунајтед влегол во трката и му понудил на Де Лихт плата од 12.3 милиони фунти по сезона, односно околу 14 милиони евра.
Поради високите плати на Меси, Суарез, Пике и останатите на „Камп Ноу“ тоа не можат да му го понудат. Барселона има некое непишано правило и таму некој тинејџер не може веднаш да биде помеѓу најплатените во соблекувалната.
Каталонците се надеваат дека спортскиот момент ќе биде пресуден во одлуката на Де Лихт, како и тоа што неговиот пријател Де Јонг се сели во нивните редови.
Тука се поставува и прашањето колкаво влијание има Раиола на Де Лихт или пак контроверзниот агент само блефира со цел да ја натера Барса да понуди повеќе.