Mино Раиола наводно работи на размена на играчи помеѓу Рома и Арсенал.
Во таа размена би биле вклучени Хенрик Микхтаријан кој би останал во Рим и Џастин Клајверт кој би требало да отпатува во Лондон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според италијанската „Газета дело Спорт“ разговорите помеѓу двата клуба веќе траат со недели, а тема е потенцијалната размена помеѓу Ерменецот и синот на легендарниот Холанѓанец.
Сепак, ако не би дошло до размена Рома би платила сума помеѓу 12-14 милиони евра за Микхтаријан трајно да остане во клубот, додека Арсенал би платила 35-40 милиони евра за Клајверт.
Рома Клајверт го донесе летото 2018 година за 17 милиони евра и секако би заработила, а на Арсенал добро би му дошло да се ослободи од големата плата на Ерменецот.