Дома Топ вести Раиола го шокира Јувентус: Кин беше на чекор од Милан, не знам дали ќе остане!

Раиола го шокира Јувентус: Кин беше на чекор од Милан, не знам дали ќе остане!

Младиот напаѓач на Јувентус, Моис Кин го постигна првиот гол во дресот на репрезентацијата на Италија, претходно постигна два гола и во дресот на Јувентус за Удинезе. Станува збор за еден од најголемите таленти на италијанскиот фудбал.

Кин ја затресе мрежата на Финска и стана вториот најмлад стрелец во историјата на националниот тим со само 19 години и 23 дена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кин важи за еден од најголемите таленти на Апенините, но во Јувентус не добива голема минутажа бидејќи не може да се избори со жестоката конкуренција.

Неговиот договор со „старата дама“ истекува во 2020 година, па доколку не стави потпис на нов договор, ова лето може да го напушти Јувентус.

Неговиот менаџер Мино Раиола денес ги шокираше „бјанконерите“ и потврди дека Кин во јануари бил на чекор од трансфер во Милан.

„Не знам дали иднината на Кин е во Јувентус. Во јануари беше се договорено да премине во Милан. Јас и Леонардо ги договоривме сите детали, но Јувентус го блокира трансферот“, откри Раиола.

„Во моментов нема преговори за нов договор. Кин треба да игра постојано, а во Јувентус тоа не го добива. Треба добро да ги разгледам сите аспекти пред да донесеме одлука. Кин може да игра во друг голем клуб“, додаде контроверзниот менаџер.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан на лето повторно ќе се обиде да го донесе талентот на „Сан Сиро“, па останува да видиме како ќе реагира Јувентус на тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…