Италијанските медиуми пренесуваат дека супер-агентот Мино Раиола му нашол ноб клуб на својот најголем бидер и го убедува да го напушти Милан.
Пари Сент Жермен бара голман за наредната сезона и тоа не е тајна. Кевин Трап сака да замине уште во јануари за да го зачува местото во националниот тим, а раководството нема голема доверба во Ареола и бара негова замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прва желба е младата италијанска ѕвезда Џиџо Донарума и веќе ја почнале операцијата за негово доведување во Париз. Медиумите тврдат дека Милан е во финансиски проблеми, а „светците“ сакаат да ја искористат таквата ситуација.
Донарума во Милан заработува 6 милиони евра по сезона, а ПСЖ му нуди двојно поголема плата, однсно 12 милиони евра по сезона.
Она што е новост е дека во договорот на голманот нема откупна клаузула, иако се тврдеше дека постои клаузула од 70 милиони евра.
Токму таа сума е спремен да ја плати ПСЖ, а Раиола веќе почнал да го убедува младиот голман и неговото семејство да ја прифатат понудата.