Јувентус го стави Адриен Рабио на трансфер листа и „бјанконерите“ сакаат да го продадат Французинот ова лето.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Договорот и на Рабио истекува во јуни 2023 година, па влезе во последната година од договорот и поради тоа Јувентус сака да го продаде.




Новинарот Фабрицио Романо пренесува дека и самиот Рабио сака промена на средината, па веќе започнала трката за неговиот потпис.




Во моментов најсериозен интерес за Рабио покажува Монако, кој во него гледа идеална замена за Чуамени.




Монако е спремен да ја плати сумата од 20 милиони евра колку што бара Јувентус, па Французинот најверојатно ќе се врати во татковината.
Ça aurait pu être un très gros coup pour Monaco https://t.co/ylNGxjarnR
— Loïc Tanzi (@Tanziloic) July 28, 2022