Дома Трансфер зона Рабио на крајот ќе заврши во Ливерпул

Рабио на крајот ќе заврши во Ливерпул

Адриен Рабио одби да го продолжи договорот со Пари Сент Жермен и сигурно на крајот на сезоната ќе си замине како слободен агент.

За неговиот потпис се заинтересирани голем број на европски гиганти, а како фаворит долго време важеше Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, настанаа проблеми во преговорите со каталонскиот клуб. Најпрво Французинот бараше премногу пари, потоа Барселона успеа да се договори со Ајакс околу Френки де Јонг, па младиот Холанѓанец ќе го облече дресот на Каталонците од следниот преоден рок.

Тоа значително ги намали шансите на Рабио да потпише за каталонскиот состав, но се уште ништо не е исклучено.

Француските медиуми тврдат дека сега во пол-позиција за потписот на Рабио е Ливерпул, кој од поодамна е заинтересиран за младиот Французин.

„Црвените“ влегле во интензивни преговори со неговите менаџери, па се поголеми се шансите Рабио да заврши на „Енфилд“, иако за него интерес покажуваат уште Јувентус, Баерн Минхен и Манчестер Сити.

Сепак, најголем проблем се неговите финансиски барања. Имено, Рабио бара плата од 10 милиони евра по сезона, плус бонус од 10 милиони евра при потпишувањето на договорот со новиот клуб.

Ниту еден од споменатите клубови не е спремен да му понуди толкава плата, но сепак во моментов Ливерпул е најблиску до ангажман на Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…