Миралем Пјаниќ минатата сезона играше на позајмица во Бешикташ, па јасно е дека нема да остане во Барселона.
Пјаниќ може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, бидејќи интерес за играчот покажува тимот на Ал-Наср, објавија каталонските медиуми.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
За 32-годишниот плејмејкер нема повеќе место во Барселона, а тој сериозно ја разгледува можноста да се пресели во Саудиска Арабија.
Неговиот договор со Барселона истекува во јуни 2024 година, а Каталонците се спремни да го пуштат без обештетување за да се ослободат од неговата плата.