Дома Топ вести Пукање „ќорци“ – Сезона на очајот за Луис Суарез

Пукање „ќорци“ – Сезона на очајот за Луис Суарез

suarez

Ова дефинитивно не е сезона на Луис Суарез, Уругваецот е непрепознатлив…

Системот на игра кој го форсира Ернесто Валверде во целост е посветен на Лионел Меси, додека Уругваецот барем во досегашниот дел од сезоната се истакнува само со неговите промашувања.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Суарез оваа сезона бележи голем пад во формата, тој целосно потфрли. Малку е да се каже дека Уругваецот е во криза, а уште помалку дека не се обидува. Се обидува и тоа повеќе од било кога во кариерата, но головите ги нема.

За тоа зборува и суровата статистика според која напаѓачот на Барселона во досегашниот дел од сезоната шутирал дури 53 пати кон противничкиот гол, но реализирал само три пати.

Од оваа бројка 18 удари завршиле во рамките од голот, а кога ќе се извлече процентот на успешност се добива бројка од 0.23% удари кои завршиле во голот, што е значително помалку во однос на минатата сезона (0.7%), а уште помалку од пред минатата(1.1%).

Многу фудбалски стручњаци сметаат дека за тоа е виновна новата формација во која игра Барселона под водство на Ернесто Валверде. Суарез е значително подалеку од голот, што очигледно не му одговара, додека целиот систем е насочен кон Меси кој блеска на стартот од сезоната и ги предводи Каталонците на извонреден начин во сите натпреварувања.

Во продолжение погледнете едно од промашувањата на Суарез оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…