Иднината на Кристиано Роналдо е неизвесна, откако италијанските медиуми објавија дека Јувентус е спремен да го продаде Португалецот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роналдо има договор со Јувентус до 2022 година, но „бјанконерите“ имаат финансиски проблеми и сакаат да се ослободат од неговата висока плата.
На таа тема денес се огласи спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, кој потврди дека францускиот клуб може да си го дозволи Португалецот.
„Денес во фудбалот никој не знае што ќе се случи. Ако утре Роналдо реши да си оди од Јувентус можат да си го дозволат само малку клубови. ПСЖ секако е еден од нив. Треба да сме подготвени секогаш за големи трансфери. Имаме свои приоритети, но постојат и непредвидливи ситуации“, изјави Леонардо.