Дома Топ вести ПСЖ ја зголеми понудата за Хакими

ПСЖ ја зголеми понудата за Хакими

Пари Сент Жермен е спремен да ја зголеми понудата за Аштраф Хакими до 75 милиони евра со вклучени бонуси, пренесува „Скај Спорт“.

Хакими е примарна цел на „светците“ кои веќе се договорија со играчот, но не можат да најдат заеднички јазик со Интер.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


ПСЖ првично понуди 60 милиони евра, понуда која веднаш беше одбиена. „Нероаѕурите“ се спремни да го продадат Хакими, но за неговата слобода бараат 80 милиони евра.

Агентот на Мароканецот откри дека сигурно ќе го напушти Интер ова лето, а покрај ПСЖ интерес за него покажува и Челзи.

Со новата понуда ПСЖ се приближи до сумата која ја бара Интер, па се очекува двете страни во наредните денови да постигнат конечен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…