Реал Мадрид и ПСЖ се силно заинтересирани за играчот на Њукасл и бразилски репрезентативец, Бруно Гимараеш.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
25-годишниот играч за врска игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
ПСЖ нема да жали пари и спрема план како да го донесе Бразилецот во Париз следното лето.
Секако, нема да биде лесно да го убедат Њукасл да го пушти бидејќи клубот има големи финансиски ресурси, но двата клуба се спремни да платат 80 милиони евра.
Доколку Њукасл не избори пласман во Лигата на шампиони за следната сезона, тука Гимараеш и самиот ќе притиска за трансфер.