Дома Топ вести ПСЖ спремен да ја плати откупната клаузула за Леао

ПСЖ спремен да ја плати откупната клаузула за Леао

ПСЖ е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваат француските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.

Неговиот договор со Милан е до 2024 година во кој има откупна клаузула од 150 милиони евра. „Росонерите“ во летниот преоден рок одбија понуди од 100 милиони евра бидејќи сакаат да го задржат на „Сан Сиро“.

Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос е голем симпатизер на играта на Португалецот и сака да го донесе во Париз, па е спремен да ја плати откупната клаузула.

Преговорите помеѓу Леао и Милан за продолжување на договорот се во напредна фаза, па поради тоа ПСЖ сака што побрзо да го договори трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…