Напаѓачот на Манчестер Сити и аргентинската репрезентација Хулијан Алварез е конкретна трансфер цел на Пари Сент Жермен.
Алварез го известил раководството дека не е задоволен од својот статус во тимот и порабал трансфер во летниот преоден рок.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Аргентинецот не сака да седи на клупата за резервни играчи и да биде во сенка на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд.
Најголем интерес за Алварез покажува ПСЖ, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент и наскоро ќе почне преговори со Сити.
Алварез е член на Манчестер Сити од 2022 година, а има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2028 година, па „граѓаните“ за неговата слобода бараат 80 милиони фунти.
🚨 BREAKING: PSG and Manchester City to BEGIN concrete talks on Julian Alvarez' transfer next week.🔵🔴🇦🇷 #PSG
— Football Transfers (@Transferzone00) August 1, 2024
(via @jorgebaravalle,@ESPNArgentina)