Дома Топ вести ПСЖ спрема зимска трансфер „бомба“

ПСЖ спрема зимска трансфер „бомба“

Пари Сент Жермен не се откажува од намерата да го доведе дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар, пренесуваат италијанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Словакот беше главна трансфер цел на ПСЖ ова лето и „светците“ испратија неколку понуди, но сите беа одбиени од страна на Интер.

„Нероаѕурите“ за слободата на Скиниар сакаа да добијат најмалку 70 милиони евра, додека ПСЖ не понуди повеќе од 60 милиони евра со вклучени бонуси.

Меѓутоа, проблем за Интер е што Скриниар влезе во последната година од договорот и веќе во јануари може слободно да преговара со заинтересираните клубови.

ПСЖ има договор со дефанзивецот и му нуди плата од 10 милиони евра по сезона, сума која Интер не може да си ја дозволи во моментов.

ПСЖ е спремен во јануари да понуди 30 милиони евра, а Интер најверојатно ќе ја прифати понудата бидејќи може да го загуби играчот без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…