ПСЖ ја прифати конечната одлука на Килијан Мбапе да не потпишува нов договор и веќе сериозно размислува да го продаде до крајот на преодниот рок.
Мбапе влезе во последата година од договорот со ПСЖ и одбива да ја продолжи соработката бидејќи сака да се пресели во Реал Мадрид.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
ПСЖ се помири со фактот дека ќе го загуби Мбапе, па сака да избегне Французинот да замине без обештетување и очекува понуда од Реал Мадрид до крајот на преодниот рок.
„Марка“ пишува дека „светците“ веќе се јавиле во канцеларијата на Перез и се спремни да започнат преговори за Мбапе.
Реал има буџет за ангажман на Мбапе и се очекува трансферот да изнесува помеѓу 120 и 150 милиони евра.