Пари Сент Жермен сакал да го врбува Винисиус и го наговарал да не потпишува нов договор со Реал Мадрид, пренесува „Марка“.
Винисиус Жуниор добил неморална понуда од ПСЖ кој барал да не потпишува нов договор со Реал Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
ПСЖ му нудел плата од 40 милиони по сезона, бонус од 100 милиони евра при потпис и маркетиншки договори со Катар.
Сепак, Бразилецот не ја прифатил понудата и одлучи да остане на „Сантиаго Бернабеу“ и да потпише нов договор.
Перез за намерите на ПСЖ дознал од самиот фудбалер кој не криел ништо од него и постојано му ги покажувал пораките што ги добива од Париз.
„Марка“ открива дека наговарањето од ПСЖ почнало во ноември и траело до март оваа година, но Винисиус никогаш не се предомислил дека својата иднина ја гледа во Реал.