Пари Сен Жермен минатото лето направи вистински бум на трансфер пазарот доведуваќи ги Килијан Мбапе и Нејмар, а според последните информации имаат намера и да продолжат во тој стил.
Фудбалерот на Јувентус, Алекс Сандро е еден од најбараните дефанзивци во светот, барем во последната година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бразилецот после слабиот старт оваа сезона повторно започна да прикажува настапи какви што се очекува, па повторно се појавија заинтересирани клубови за неговиот потпис.
Челзи во текот на летото имаше голема желба да го ангажира, тука беше и Манчестер Јунајтед. Сега според „Калчомеркато“ ПСЖ се вклучува во трката за неговиот потпис и можеби е најблиску да го доведе, секако во случај Сандро да го напушти Торино.
Челси го доведе Палмери од Рома, додека Јунајтед се уште не испратил конкретна понуда, па се верува дека Мурињо ќе се сврти кон други опции.
ПСЖ според информациите на „Калчомеркато“ веќе имал разговор со фудбалерот, додека сумата која наводно Јувентус ја бара за овој е 50 милиони евра и тоа за „светците“ не би требало да претставува проблем.
Сандро во Торино заработува 2.8 милиони евра годишно и има договор до 2020 година.