Англиските медиуми пренесуваат дека Андер Ерера е пред трансфер во Пари Сен Жермен.
На Островот се пишува дека Ерера токму затоа ги одолговлекува преговорите за нов договор со Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодмна се пишуваше дека Ерера наскоро ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед,T но ситуацијата се променила кога агентот на Ерера добил повик од престолнината на Франција.
Понудата на ПСЖ е подобра од она што му го нуди Манчестер Јунајтед на Ерера.
Наводно, станува збор за понуда од 180.000 евра неделно за договор на четири години, покрај тоа би имал вградени клазули во договорот за секој освен трофеј. Од друга страна понудата на Манчестер Јунајтед изнесувала 130.000 евра неделно за договор на три години.
ПСЖ во преодниот рок кој следи ќе стави акцент на следниот ред, па Ерера би бил одлично засилување посебно бидејќи би го добиле без оштета.