Сагата околу продолжувањето на соработката помеѓу Адриан Рабио и ПСЖ заврши, клубот потврди дека плејмејкерот ќе си замине на крајот на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Рабио со ПСЖ завршува на крајот на сезоната, а „светците“ имаа неколку неуспешни обиди за продолжување на соработката.
Спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике сега и официјално потврди дека Рабио ќе си замине на лето како слобиден агент.
„Во овој момент не постои можност да го продолжи договорот. Тоа е одлука донесена од клубот по средбата што ја имав со играчот. Рабио ме информираше дека нема да потпише нов договор и дека сака да си замине од клубот како слободен агент на крајот на сезоната“, потврди директорот.
„За самиот Рабио оваа одлука ќе има последици и тој ќе остане на клупата на неодредено време. Тој и неговите претставници за жал покажаа непочитување кон клубот”, додаде Енрике.
https://youtu.be/5CeyBmDnRTc