ПСЖ ја започна потрагата по наследник на Лео Меси, а најголема желба е ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Португалецот уште минатото лето сакаше да го напушти „Етихад“ и не се откажува од идејата за трансфер.
Бернардо Силва ќе биде примарна трансфер цел на „светците“ кои веќе почнале да работат на трансферот.
Манчестер Сити ова лето нема да му стои на патот и е спремен да го продаде, но не за помалку од 80 милиони фунти.
„Ле 10 спорт“ тврди дека спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Луис Кампос ги понудил голманот Џанлуиџи Донарума и Марко Верати на Манчестер сити во можна трампа за Португалецот.
Сепак, „граѓаните“ не се заинтересирани за трампа туку сакаат исклучиво кеш за Бернардо Силва, кој имаше одлична сезона.