Пари Сент Жермен во самиот финиш од преодниот рок се обидува да го комплетира трансферот на Милан Скриниар од Интер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ПСЖ во текот на летото испрати две понуди за Скриниар, а вчера повторно се врати со нова понуда од 70 милиони евра.
Интер ја одби и им порача на „светците“ дека Скриниар нема да биде продаден за помалку од 80 милиони евра.
Скриниар има договор со ПСЖ, но проблем е што е последен ден од преодниот рок, па Интер не може да доведе соодветна замена.
Меѓутоа, ПСЖ не се откажува, претседателот Насер Ал Келаифи лично преговара со Интер и настојува да го донесе Скриниар во Париз.
Остануваат уште неколку часа до затворање на преодниот рок, па останува да видиме дали ПСЖ ќе успее да го доведе словачкиот репрезентативец.