Еминентниот француски весник „Паризиен“ тврди дека раководството на Пари Сент Жермен не може да гарантира останување на Нејмар во клубот.
Според информациите на весникот, неодамна имало средба меѓу спортскиот директор на тимот Антеро Енрике, самиот Нејмар и неговиот татко. После таа средба директорот на „светците“ не можел да гарантира дека Бразилецот ќе остане на „Паркот на принцовите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во исто време, претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Kелаифи продолжува да инсистира на тоа дека Нејмар не може да го напушти тимот, меѓутоа раната елиминација на тимот во ЛШ може драстично да ги промени работите.
Случајно или не, неколку дена по елиминацијата на ПСЖ се појави информација дека цената на Нејмар е 400 милиони евра. Не е тајна дека Нејмар е поврзуван за трансфер во Реал Мадрид, а последните информации велат дека тој трансфер ќе се случи во 2019 година.
Нејмар моментално е во Бразил каде се рехабилитира од повредата и се очекува да биде спремен да Светското првенство во Русија.