Дома Топ вести ПСЖ на Мбапе му нуди спектакуларен договор со „анти – Реал“ клазула!?

ПСЖ на Мбапе му нуди спектакуларен договор со „анти – Реал“ клазула!?

И покрај тоа што Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година со месеци се шпекулира за неговиот можен трансфер во Реал.

Мбапе засега го одбива договорот со ПСЖ, но ќе видиме што ќе се случува во иднина. Сега во француските медиуми се појави вест дека ПСЖ му спремил спектакуларен договор и услови кои тешко би ги одбил.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„АС“ повикувајќи се на француски извори тврди дека ПСЖ сака да му даде договор на пет години, вреден 185 милиони евра!

Освен тоа се пишува дека во договорот ќе има „анти-Мадрид“ клазула. Таа клазуал би значела дека Мбапе додека има договор со ПСЖ не ќе може да се пресели во Реал. 

Токму таа клаузула е и причина Мбапе да не стави потпис на договорот, бидејќи неговите агенти веќе работат на трансфер во Реал, а и самиот Мбапе не крие дека негов сон е еден ден да го облече белиот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…